Сопруга на премиерлигашка ѕвезда уапсена на аеродром со пиштол

Во денешно време е навистина невозможна мисија некој да влезе на аеродром со огнено оружје, но очигледно сопругата на фудбалерот на Арсенал, Сеад Колашинац не е запознаена многу со строгите правила. 

Бела Колашинац била уапсена на аеродром во Велика Британија, откако во нејзиниот куфер бил пронајден пиштол. Сопругата на босанскиот репрезентативец го купила пиштолот во Германија и легитимно си извадила дозвола за истиот. Таа летала од Франкфурт назад за Лондон со приватен авион, но веднаш била уапсена при пристигнувањето во Англија. 

Не ги знаела законите и правилата, дека истата дозвола за поседување на оружје во Германија не важи и во Велика Британија, а особено не на аеродром. Англиските медиуми објавуваат дека госпоѓа Колашинац го купила пиштолот од страв, бидејќи минатото лето нејзиниот сопруг и Месут Озил беа нападнати на улица од криминалци кои сакаа да го украдат автомобилот на Германецот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🔜❤️🔙 can’t wait 😻 @seadk6

A post shared by Susubelle Kolašinac (@bellakolasinac) on