Откако на Олимписките игри во 2016 година го освои златниот медал во дисциплината 50 метри слободно, данската пливачка Пернил Блум стана позната преку ноќ.

Најверојатно и поради фактот дека во Рио беше една од најатрактивните натпреварувачки, а неколку дена претходно пред почетокот на игрите во Токио таа за медиумите имаше шокантна исповед.

„Кратко по ОИ во Рио, почнав да добивам сексуални пораки. Голем дел од нив се непристојни. Во текот на гала-вечерта во 2017 година бев прогласена за спортистка на годината, а имаше многу кои сакаа да се фотографираат со мене. Меѓутоа, имаше и такви кои ме допираа по телото и ми шепотеа грозни работи“, открива Блум.