Шест месеци се судеше и на крај победи – си го смени името во Тотнем!?

Љубовта кон клубот ги тера навивачите на најразлични лудории, па некои дури решаваат и да си го сменат името, а последен во долгата низа на вакви лудаци е Дејвид Линд, Швеѓанец кој е жесток навивач на лондонски Тотнем.

Линд е навивач на Тотнем од дете, а откако лондонскиот премиерлигаш лани стигна до финале во Лигата на шампионите, Швеѓанецот реши да си го смени името. Решил да се вика Тотнем.

И кога тргнал во постапката експресно бил одбиен со образложение – не може!

Но, Дејвид не се откажал, па тргнал во судска постапка и шест месеци се борел да го добие правото да се прекрсти. На крајот и победил, па сега се вика Тотнем Линд и така ќе му стои во патните исправи

„Долго чекав на вакво нешто, а знам уште некои луѓе кои се жалеа и го направија следниот чекор. Знаев дека ќе дојде овој ден“, рекол Тотнем.

Линд не е ни прв, а веројатно нема да биде ни последен луд навивач кој си го сменил името поради саканиот фудбалски клуб.