Шарапова го покажа новиот имиџ - не е повеќе „плавуша“! (ФОТО)

Една од најубавите тенисерки на сите времиња, Марија Шарапова, ги освојува своите фанови и додека ужива во „пензионерските“ денови.

Русинката објави фотографија на Инстаграм со подновен имиџ, со далеку потемна коса од русокосата со која нижеше успеси на тениските терени.

„Кога вашиот фото-албум ќе добие нови фотографии, а на нив не е вашето дете“, се пошегува Русинката, која стана мајка лани во јули.

Таа се повлече од активно играње во 2020 година, за време на паузата поради коронавирусот, но остана актуелна на социјалните мрежи и во моментов има 4,5 милиони следачи на Инстаграм. Шарапова има 36 години, а во кариерата освои пет грен-слем титули, Австралијан опен, Вимблдон и УС-опен по еднаш и двапати Ролан Гарос.