Селски финти има и во Италија: Тренерот спречи противнапад на противникот (ВИДЕО)

Во фудбалот целта секогаш ги оправдува средствата, па дури и ако цехот треба да се плати со црвен картон, па тренерот на поранешниот калчолигаш Катанија, која сега игра во третата лига направи селска финта која е типична за „селскиот фудбал“ во многу недоволно фудбалски развиени земји.

Џузепе Рафаеле, кормиларот на Катанија наместо да си седи каде што му е местото во обележаниот простор крај аут-линијата, влезе во терен за да спречи противнички играч да направи контра. И нормално веднаш беше исклучен, ама тоа што го стори за неговиот тим се исплатеше, ама на крајот џабе и тоа – Катанија загуби со 1-2 од Вибонезе.