Секс скандал: Ибрахимовиќ ја минал новогодишната ноќ заедно со Дилета (ФОТО)

Атрактивната италијанска водителка Дилета Леота во претходниот период ја поврзуваа со многу мажи, а еден од нив беше напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Популарниот магазин „Оџи“ открива неверојатни детали, а во главни улоги повторно се Дилета и Ибрахимовиќ, кои наводно биле заедно за новогодишната ноќ во Милано.

„Тие ја поминаа новогодишната ноќ заедно. Дружењето почнало во 21.20 часот и траеше до 00.15, по што светлата се исклучија и повеќе не се вклучија“, пишува медиумот.

Ибрахимовиќ и во претходните месеци се поврзуваше со водителката, меѓутоа тие кажаа дека се само добри пријатели.