Се подготвуваше да влезе во игра со - слушалки (ФОТО)

Селтик вчера на дуелот против Хиберниан во рамки на шкотскиот шампионат мораше да игра со комбиниран состав, откако во тимот се појавија дури 13 позитивни случаи на Ковид-19, а отсутен беше и тренерот Нил Ленон од истите причини. 

Многу млади фудбалери добија шанса да дебитираат за гигантот од Глазгов, а меѓу нив беше и Армстронг Око-Флекс. Сепак, ова 18-годишно момче не го привлече вниманието поради одбрата игра, туку поради тоа што пред да влезе во игра имаше слушалки во ушите. 

Помошникот тренер Гевин Страхан изјави дека не се работи за некаква недисциплина од страна на младиот фудбалер, туку дека пред да влезе во игра добивал инструкции од менаџерот Нил Ленон преку телефон.