Се јави водачот на Делии Радовиш и... подобро да не се јавеше! (ФОТО)

На натпреварот меѓу Црвена Звезда и Барселона во Белград беа присутни и Делии од Радовиш, кои се избламираа со знамето на кое го утнаа името на државата од која што доаѓаат.

Македонските навивачи најверојатно од еуфорија од големиот настан погрешно го напишале името на Македонија, по што пристигнаа голем број критики од останатите навивачи и жители на државата, а сега се јави и водачот на Делии Радовиш кој покажа ново знаме и упати простачки закани кон сите што не мислат како него.

„Вистинските Делии Радовиш се поим што трае од формирањето на Делии, од нашите родители и може мирно да спиете. Одредени портали објавија некое неважно навивачко знаме, а оригиналното знаме го имаат Делии Радовиш. А коментарите на некои лаици дека ние Радовишани сме неписмени, нека ми се обратат на мене лично, да видиме кој е неписмен и кој разбира, ама тие гледаат турски серии и се далеку од спортот. Поради тоа што немаат еден натпревар изгледано на телевизор, а не па во живо. И ушт еднаш околу неписменоста, 90 отсто од порталите што ги водите сте неписмени, посебно за спорт и немате врска што значи навивачка страст“, објави водачот на Делии Радовиш на социјалните мрежи.