Сапуница во Сити: Играч на „граѓаните“ ѝ се извини на сопругата зашто има дете со друга жена

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер ја возбуди британската јавност откако беше откриено дека има вонбрачно дете со манекенката Лорин Гудман.

Тоа го дозна и неговата сопруга Ени Килнер која непосредно по Божиќ го исфрлила Вокер од семејниот дом, вреден 2,5 милиони евра и побарала развод. Фудбалерот сега ѝ упати јавно извинување за непријатностите што ѝ ги создал.

„Ени е неверојатна жена и можам само да ѝ се извинам за вознемиреноста што ја предизвикав. Таа долго време е дел од мојот живот и тоа никогаш нема да се промени поради нашите три деца. Би замолил за приватност додека поминуваме низ овој тежок период“, порача Вокер.

Да биде уште подраматично, Ени Килнер и Лорин Гудман биле блиски пријателки, а Ени е со фудбалерот од своите тинејџерски денови.