Санчез за малку ќе се повредеше на средба со фановите на Марсеј (ВИДЕО)

Само формалности остануваат до официјализираањето на договорот меѓу Алесис Санчез и Олимпик Марсеј. Фудбалерот денеска треба да потпише, откако пристигна синоќа и имаше весел пречек, кој лесно можеше да стане од играчка - плачка.

Санчез долета од Милано со приватен авион синоќа, а на аеродромот имаше фанови на Марсеј кои еуфорично го пречекаа. Чилеанецот сакаше достојно да се поздрави со сите, па тргна да трча покрај редицата и со пружена рака да поздравува. Меѓутоа, на земјата имаше празни, пластични шишиња, па на едно се сопна и едвај се задржа да не падне.

Медицинските прегледи се денеска и подобро се да е во ред со него, за да не се искомплицира двегодишниот ангажман, за плата од по три милиони евра по сезона. Санчез се раздели спогодбено со Интер по три сезони на „Џузепе Меаца“.