Рони О’Саливен: Си уништив неколку години со дрога и алкохол
На О’Саливен му беше одземено прво место на турнир во 1998 година затоа што бил позитивен на марихуана, а две години подоцна решил да се откаже од неа.
„Изгубив шест или седум години со алкохолот и марихуаната. Потоа уште четири години се соочував со различни проблеми во приватниот живот. Не бев фокусиран на играта. Десетина години не тренирав речиси ништо, туку само пиев и пушев марихуана за да го издржам денот“, откри О’Саливен.