Рекордерот во Премиер лигата го продава својот дом за – 5 милиони евра!(ФОТО)

Поранешниот англиски репрезентативец и играч на ВБА, Герет Бери во моментов има 36 години и го „држи“ рекордот за најголем број настапи (649) во Премиер Лигатa.

Герет Бери минатото лето се пресели од Евертон во својот нов клуб ВБА и поради тоа одлучи да го продаде својот дом за неверојатни 5 милиони евра.

Во домот на поранешниот дефанзивец на актуелниот лидер во првенстовот Манчестер Сити и второлигашот Астон Вила, се содржат неколку луксузни соби во кои Герет Бери се одморал по натпреварите, а исто така има и соба со билијард, џубокс и квиз машина.

Исто така во имотот се наоѓа и тениско игралиште, кое може лесно да се пренамени во фудбалско игралиште, а во куќата има и кино соба со голем екран со проектор.