Реакцијата на Салах, кога еден фан го допре за повреденото рамо! (ВИДЕО)

Египет отиде во Русија на четири дена до почетокот на Светското првенство, а интересно видео стигна од полетувањето, во Каиро. Кога репрезентацијата стигнала со автобус на аеродромот, кога се симнувале фудбалерите, сите навивачи го чекале Мохамед Салах, се разбира.

Еден доби привилегија да дојде до него, дури и да го прегрне за да направат селфи. Арно ама, го допре за повреденото рамо, а Салах веднаш реагираше, тргајќи му ја раката. Тоа значи дека рамото не му е 100 проценти залечено, сепак тој ќе игра. Го повреди во финалето на ЛШ, при еден контроверезн дуел со Серхио Рамос.