Беса и официјално обезбеди прволигашка виза, во Тетово паднаа дури 10 гола!
Тимот од гостиварски Добри дол остана на плус шест на бодовното салдо во однос на „зелено-белите“, додека Детонит се доближи на шест негатива во однос на битолчани, по денешната победа над Новаци во гости (1-0). Меч за паметење се одигра во Тетово каде што Арсими како гостин го совлада Тетекс (6-4), кој, пак, на полувремето водеше со 4-3.
Без голови заврши и натпреварот меѓу Башкими и Скопје, додека поделба на бодовите имаше и на натпреварот меѓу Охрид и Саса (1-1). Фудбалерите на Осогово по пауза од три кола конечно ги израдуваа своите фанови со победа, откако го совладаа составот на Караорман (2-1). Со денешните три бода тимот од Кочани се доближи на Тетекс на само еден бод.