„Промашување како тоа на Сеферовиќ не е видено во последните 30 години!“

Фудбалерите на Бенфика ја остварија целта на синоќешното гостување кај Барселона, а тоа е да не загубат (0-0), но на крајот имаа неверојатна можност да го дотолчат противникот, откако Харис Сеферовиќ имаше промашување какво што одамна не е е видено во фудбалот.

Тој во последната минута од судиското продолжение излезе сам пред голманот Тер Штеген, кого дури и го помина, но потоа топката наместо во празната мрежа ја испрати во гол-аут. Неговиот тренер, Жорге Жесус не можеше да поверува во тоа што го виде.

„Барселона создаде неколку прилики, но ние игравме добро во одбраната. Во самиот финиш имавме прилика во која на голот на Барселона немаше голман. Тренер сум повеќе од 30 години, но досега немав видено нешто слично, жал ми е што тоа ми се случи на мене и на Бенфика“, изјави Жесус.

Пред последното коло во групата, Барселона е втора зад БаернМинхен со седум бода, додека зад неа е Бенфика со пет бодови. Во последното коло, Бенфика ќе го пречека веќе отпишаниот Динамо Киев, а Барселона ќе му гостува на Баерн Минхен.