Пред вардаровиот хотел во Келн симнато знамето на ЕХФ - се виори сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Навивачите на Вардар, кој денеска ја освои втората европска круна во историјата, се собраа пред хотелот „Радисон Блу“ во Келн за да слават со црвено-црните ракометари кои се сместени недалеку од „Ланксес Арена“.

Поединци го симнаа официјалното знаме на ЕХФ, на негово место го поставија старото наше знаме - со сонцето од Кутлеш. Фина герила акција која наиде на воодушевување кај присутните навивачи...