Поранешен седми пик на НБА драфтот уапсен поради силување

Некогашниот НБА кошаркар Бен Меклемор е уапсен синоќа во Орегон откако против него било покренато обвинение за силување, објавија американските медиуми.

Засега нема детали кога и каде е извршено делото, но шерифот на округот Клакамас потврдил дека Меклемор е уапсен по налогот кој е издаден за него и дека се соочува со обвиненија за силување и сексуално злоставување. Во моментов тој е под договор со шпанскиот прволигаш Бреоган од каде добил дозвола да отпатува дома поради обвинение дека возел во алкохолизирана состојба, но излезе дека не е само тоа во прашање.

Меклемор беше избран како седми пик на драфтот во 2013 година од Сакраменто Кингс и во НБА играше девет години пред да се пресели во Кина. Покрај Сакраменто беше член и на Мемфис, Хјустон, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд. Лани настапуваше во АЕК, а оваа сезона ја помина во Бреоган.