Поранешен фудбалер на Барселона доби условна казна!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран доби условна казна затвор во времетраење од две години и осум месеци.

Членот на Башакшехир минатата година го нападна познатиот турски пејачк Беркај Шахин и неговата сопруга.

Фудбалерот го претепа Шахин, но потоа во болница со пиштол во рака заминал и го молел пејачот да го убие поради тоа што го направил.

Набрзо била поднесена тужба, па Туран ќе одговара поради нелегално носење на огнено оружје, стрелање од истото, лесни телесни повреди и ширење на страв и паника.