Озил детално го опиша нападот во Лондон: За среќа не ми ја украдоа сопругата!

Најплатениот фудбалер во редовите на Арсенал, Месут Озил, во интервју за британските медиуми уште еднаш се потсети на нападот кој се случи во центарот на Лондон, а заедно со него беше и левиот бек Сеад Колашинац.

Двајцата беа нападнати во центарот на Лондон ова лето од страна на локалните гангстери кои се обидоа да ги ограбат заканувајќи им се со нож, а голем инцидент спречи Колашинац. Тој, како што е веќе познато, смело застана пред двајцата напаѓачи и го одбрани својот пријател, а видеото од местото на несреќата набргу стана вирален хит и го направи Колашинац голем херој.

Во меѓувреме, полицијата го расветли случајот и откри кои биле напаѓачите, и иако поминале неколку месеци, грозоморните сцени сеуште се во главата на Озил.

Возев од мојата до куќата на Сеад. Тој беше надвор и разговаравме. Во тој момент мојата сопруга седеше до мене. Одеднаш се појавија овие момци. Се гледавме едни со други околу 10-15 секунди. Мислев на почеток дека сакаат да се фотографираат со нас или нешто, тоа честопати се случуваше, но видовме дека се вооружени и работите одат во друг правец. Тие очигледно видоа голем автомобил и како Сеад ми го дава неговиот скап часовник, откри Озил.

За разлика од него, Сеад не беше толку исплашен.

Тие му рекоа: „Дај ни го часовникот!“. Неговата реакција во тој момент беше навистина храбра,  го нападна еден од напаѓачите, а другиот со мотоциклот застана пред мојот автомобил за да не можам да возам, додаде Германецот

Најмногу, како што открива, се исплашил поради својата сопруга Амина.

Поради мојата сопруга особено се исплашив. Само што се венчавме. Бев загрижен да не ја отворат нејзината врата, тоа беше нивната намера, но за среќа ја фатив вратата навреме и го спречив нападот. Потоа, сакав да побегнам со автомобилот за да не ја грабнат мојата сопруга. Можеа да и се случат секакви грозни работи, заврши Озил.