Полски прволигаш на уникатен начин ги „мотивира“ навивачките да раѓаат многу деца!

Една Полјачка на свет донесе дури шест деца, што е за прв пат во историјата на оваа земја, а од фудбалскиот клуб Краковија на нејзе и нејзините деца ќе им понудат комплет доживотни билети за натпреварите на оваа екипа.

Универзитетската болница во Краков на југот во Полска, објави дека во оваа болница една жена на свет донела дури шест бебиња.

„Ова е прва шесторка во историјата на Полска и една од најретките во светот“, изјави докторот Ризард Лаутербах.

Мајката е среќна, но уморна и сигурно ќе биде уште посреќна кога ќе чуе дека на нејзе и нејзините деца полска Краковија им понуди бесплатен сет на сезонски билети до крајот на животот. Поранешниот клуб на Криштоф Пјонтек се огласи на социјалните мрежи.

„Во болница во Краков на свет дошле дури шест нови животи. Ова е прво вакво случување во Полска. Не знаеме кои се родителите, но од нас имате доживотни влезници. Им честитаме на среќните родители“, се вели во соопштението на Краковија.

 

Мора да признаеме дека ова е одличен маркетиншки потег.