Доста му е од фудбал: Роналдињо заигра друг спорт (ВИДЕО)

Ниту на крај памет на Роналдињо не му падна дека може 40. роденден да го прослави во затвор. Бразилецот беше затворен откако го фатија со лажни документи при влегување во Парагвај, а таму во моментот е најпозната личност.

Сцените кои доаѓаат од затворот покажуваат дека Роналдињо не тагува премногу затоа што не е на слобода и на новото објавено видео може да се забележи како го поминува времето зад решетки.