Неверојатно: Роналдо загуби предизвик од фудбалер заразен со коронавирусот (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Кристијано Роналдо, започна своевиден турнир за време на карантинот поради пандемијата со коронавирусот наречен „Дневна соба“, испраќајќи предизвици воглавном во вид на вежби за издржливост.

Прв предизвик беше правењето стомачни вежби, во кои тој успеа да направи 142 повторувања во период од 45 секунди. На прв момент тоа делуваше фантастичен резултат, сѐ додека не беше урнат и тоа од фудбалер кој во себе го има коронавирусот. Станува збор за еден од тројцата инфицирани во таборот на Јувентус, Блас Матуиди, кој за 45 секунди направи 144 стомачни, односно две повторувања повеќе од Португалецот.

Сега се чека реакцијата на Роналдо, кој е познат дека не сака во ништо да губи, макар тоа бил и ваков смешен предизвик.