Не ги пуштија на трибини, па навивачите го окупираа - цело брдо! (ВИДЕО)

Вечерва се игра второто полуфинале од Купот на Хрватска меѓу Риека и Осиек, а навивачите на домашниот тим направија интересен потег.

Навивачите не смеат да бидат на трибините поради пандемијата на Ковид-19, но тие најдоа начин како да го гледаат натпреварот и да му дадат поддршка на својот тим.

Тие се качија на брдото над една од трибините од каде што даваат поддршка на Риека.