Навивачите на Челси збеснаа: Куртоа е - „професионална змија“! (ФОТО)

Тибо Куртоа би требало утре да има медицински прегледи во Мадрид и ќе стане нов голман на Реал, а пред да се случи тоа, навивачите решија да му се одмаздат на интересен начин.

Куртоа наскоро се сели во Мадрид за 35 милиони евра, додека во спротивен правец, во Лондон ќе пристигне Матео Ковачиќ.

Очигледно навивачите на Челси не ги примија добро овие вести за неговото заминување, па решија да се исмејуваат на негова сметка, а некој реши да ја измени неговата биографија на „Википедија“, па го нарекоа – „белгиска професионална змија“.