Навивач на годината: Како да ја искористиш брадата, за да имаш пиво за цел меч (ФОТО)

Овој навивач во американски фудбал е хит во светот, најмногу поради инвентивноста, па веќе на сицијалните мрежи ја доби наградата – навивач на годината. Иако 2022 година само што започна.

Долгата брада ја искористи најкреативно, за да си го складира пивото кое планира да го испие во текот на мечот и да не мора да оди да докупува, туку на раат да ужива и во мечот и во најпосакуваната течност.

Ако ништо друго треба да му се одаде признание за тоа како успеа да си ги складира лименките на овој начин.