Најубавата новинарка откри како поминува во карантин: Сама сум и многу уплашена!

Најпознатата и најсексапилната новинарка во Италија, Дилета Леота, која од нејзиното појавување успеа да засени бројни калчолигашки ѕвезди поради своето раскошно тело, откри за италијанските медиуми како е во карантин во ек на страшната епидемија од коронавирусот од која во Италија починаа скоро 7.000 лица, два пати повеќе од Кина на многу помалку заразени.

Леота е во домашен карантин, зашто фудбал не се игра, а нема никаква активност како заштитно лице и репортерка на мрежата ДАЗН. Сега, открива дека е многу загрижена за состојбата на Апенините.

„Мора да се грижиме сите за своето здравје, ама не само тоа туку да се грижиме и за сигурноста на другите. Ако се потрудиме ќе го надминеме ова. Ова е како фудбалски меч, сите на терен треба да дадеме сè за да победиме. Сама сум дома и уплашена сум. По цел ден само се слушаат сирени од брза помош и тоа од изгрејсонце до зајдисонце. Многу сум загрижена, посебно што нема место во болниците за да се згрижат сите заболени“, вели Дилета.

Таа посочува дека досега немала ниту еден симптом на коронавирус, па затоа и не се тестирала.

„Ниту кашлам, ниту имам температура. Затоа и немаше потреба да се тестирам. Сама седам дома и чекам оваа ситуација да се реши, ама убедена сум дека нема да биде баш така брзо. Читам книги, учам, разговарам по интернет со родителите, а и тренирам во своите четири ѕида“, рече Леота.