Најсексапилната српска кошаркарка открива: Ми нудеа големи пари во замена за – секс!

Една од најсексапилните српски кошаркарки на сите времиња, Милица Дабовиќ, деновиве е актуелна не поради учинокот на теренот, што е разбирливо бидејќи веќе неколку години е во пензија, туку поради фактот што е приморана да продава дел од гардеробата за да се прехрани себе си и своето дета како самохрана мајка.

Таа за медиумите од северното соседство објасни зошто почнала да прави расподажба на социјалните мрежи, но и открила пикантерии од својот живот, особено во делот на односот на мажите околу неа додека играла кошарка.

„Повеќе пати ми се има случено да ми нудат многу пари само за да ме одвлечат во кревет. Не можам да споменувам имиња и суми, тоа ќе го прочитате во автобиографијата што ја подготвувам. Мене никогаш не ме интересирале такви работи, едноставно не сум од тој свет. Играв кошарка и убаво заработував, но и живеев“, изјави Дабовиќ.

Една од тие што ја советувале да почне да се занимава со проституција како начин да се прехрани по крајот на кариерата, неочекувано, била и селекторката на Србија, Марина Маљковиќ, ќерка на повеќекратниот европски шампион, Божидар Маљковиќ.

„Кога се повлеков од репрезентацијата побарав помош од Марина, бидејќи сакав сѐ уште да играм. Но, таа ми кажа да одам кај заеднички пријатели во Турција и таму да најдам муштерии за секс бидејќи одлично плаќале. Не ми се веруваше што слушам“, дополни сексапилната Милица.