Морничави пораки кон Михајловиќ: Уште малку, па ќе одиш кај Аркан и Милошевиќ (ФОТО)

Социјалните мрежи беа исполнети со пораки за поддршка на Синиша Михајловиќ, но има и такви кои му посакуваат само најлошо.

Михајловиќ се бори со леукемија, па го заврши третиот циклус на лекување, а борбата продолжува понатаму.

Сепак, и покрај поддршката, од Хрватската стигнаа морничави пораки кон српскиот тренер.

„За ова да жалам ѓубре обично... Уште малку ќе одиш и ти кај својот Аркан и Милошевиќ“, порачаа на социјалните мрежи.