
Меси пред развод со Антонела поради аргентинска новинарка
Медиумите во неговата татковина тврдат дека фудбалерот на Интер Мајами имал љубовна афера со аргентинска новинарка, а првпат тоа излегло во јавност неколку дена пред доделувањето на Златната топка во Париз. Станува збор за Софија Мартинез која е речиси редовен гостин на аргентинската репрезентација, без разлика дали таа игра натпревари на домашен терен или во странство.
Не е исклучено сето ова да е причина за нервозата која ја покажува Меси последниот период, имајќи предвид дека на последните два меча на националниот тим влезе во тешки конфликти со противнички играчи.
Меси и Рокусо се во брак од 2017 година, но заедно се уште од тинејџерските денови и имаат три деца.