Мајката го замоли синот да го среди дворот, тој од него направи - „мал Енфилд роуд“ (ВИДЕО)

Урнебесно видео излезе на социјалните мрежи од Ливерпул, каде градот на Битлси е во невидена еуфорија поради можноста првпат после речиси три децении, од 1990 година да биде освоена шампионската титула на Островот.

Во големата еуфорија во градот, мајка од својот син побара да го среди и обои дворот, па синот, кој нормално е навивач на „црвените“ се фатил за работа и го средил. Дошло време да го „промовира“, па ја повикал мајка си да види што направил. Од дворот направил „мал Енфилд роуд“.

Уште и химната на Ливерпул ја пушти на промоцијата. А, мајката кога виде – остана без зборови. Дури и прокоментира – ужасно!