Лудило: Бивш ММА-борец пробал да украде алигатор од зоолошка!

Поранешната ММА-ѕвезда, а сега боксер Мајк Пери (30) завршил во притвор откако го фатиле на Глорида во обид да украде – алигатор!

Како што објавија американски медиуми, Пери го фатиле локални полицајци во обидот да провали кај алигаторите, откако еден од вработените во зоолошката градина го виделе натрапникот и пријавиле во полиција.

Да е урнебесот поголем, Пери во купачи влегол кај алигаторите со метална прачка во раце, која требало да ја употреби за да го онеспособи предаторот и потоа да го украде. Не е јасно како планирал тој да го транспортира алигаторот, ама според одредени медиуми, животното требало да му послужи како спаринг партнер во следниот меч во боксе без ракавици.

Инаку полицијата едвај успеала да го фати, зашто Пери десетина минути им бегал низ зоолошката градина, а циркузот почнал откако прво пријателски им пристапил, а полицајците мислеле дека сака да се ракува со нив и потоа одеднаш почнал да бега.

Пери во кариерата има 22 борби во ММА, по што премина во бокс без ракавици и досега имаше две борби.