Лингард со интересно барање до „ФИФА“ (ФОТО)

Англискиот репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард на својот официјален Твитер профил побара од „ЕА Спортс“ во новата ФИФА да му ја сменат фризурата.

Лингард не е задоволен со својата фризура во играта и побара од креаторите на играта да се потрудат малку повеќе и да му ја сменат.

„Можете ли сега да ми ја смените фризурата, ве молам, веќе 99 години во вашата игра ја имам истата“, напиша Лингард на Твитер.