Лацио обвинет за расизам: 20 навивачи ќе бидат казнети, меѓу кои и шест малолетни!

Лацио би можел да биде казнет со делумно празнење на трибините, а „небесно-сините“ таквата можност и потег на УЕФА го оценија како многу штетен.

Италијанските медиуми пишуваат дека била отворена посебна истрага користејќи го системот за видео-надзор на „Олимпико“, а интентитетот на навивачите е утврден на основа на билетите.

Се очекува клубот да ги казни своите навивачи, зашто не треба да биде благ кон расизмот. Околу 20 навивачи на Лацио се идентификувани, а шест од нив биле малолетни.