Косовци му „украдоа“ капа на полицаец, па тој им зема - кече на навивачите! (ВИДЕО)

Огромен број навивачи на Косово беа низ улиците на Саутемптон пред поразот на нивната репрезентација од 3-5 против Англија, а некои решија да се пошегуваат со еден полицаец.

Навивачите му ја „украдоа“ капата на еден полицаец, кој не можеше да си ја пронајде, па потоа реши да му земе кече на еден навивач.