Кој ли ги пушти? Шверцери дивееја во скапоплатениот МНТ! (ВИДЕО)
Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што апсолутно нема никаква врска со навивањето.
Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.
На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири... беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Вечерва осамна видео од нивното дивеење, а јавноста згрозена и шокирана прашува - на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?