Кои Спортови Се Најпрофитабилни за Обложување?
Сепак според многу сајтови кои се фокусирани на оваа активност, некои спортови може да бидат далеку попрофитабилни од другите. На пример, online casino mk како водечки сајт во Македонија во оваа област, често на играчите им предлага каде да го насочат своето внимание.
За да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор, направивме листа на спортови со подобар потенцијал од останатите кога станува збор за правење профит од спортско обложување. Да започнеме!
-
Тенис
Тенисот, за разлика од тимските спортови, нуди едноставен формат во кој (најчесто) еден играч се соочува со друг играч како дел од турнир. Се разбира постојат и игри во двојки, но и тогаш се работи само за две двојки со вкупно четири играчи. Кога тоа ќе го споредиме со фудбалот каде има 22 играчи (плус резерви), тогаш гледаме барем една разлика во прибирање информации.
Со оглед на тоа, можеме да кажеме дека индивидуалистичката природа на тенисот прави предвидувањата за исходот да бидат полесни. Конечно, тоа значи дека тенисот може да биде доста профитабилен особено на долг рок. Единствената можна маана за оние обложувачи кои размислуваат да го изберат овој спорт се релативно ниските коефициенти во многу дуели.
Доколку сакате подобри коефициенти, можеби треба да размислите и за обложување на тенис во живо каде имате многу профитабилни опции доколку знаете да “прочитате” што се случува и ќе се случува на теренот.
-
Кошарка (NCAA)
Да бидеме искрени, NCAA односно американска колеџ кошарка не е меѓу најпопуларните спортови (и натпреварувања) во Македонија. Сепак, тука зборуваме за обложување на профитабилни спортови па на мислење сме дека вреди да се спомене.
Турнирите во колеџ кошарка во САД ви нудат изобилство од опции за обложување - од обложување на вкупен број поени и конечен резултат, до тоа кој тим ќе води на полувреме и ќе се квалификува во следната фаза на натпреварувањето.
Искрено, можеби ќе треба малку да ги користите интернет пребарувачите за да се информирате подобро (а и нашиот сајт нуди вести за овој спорт од време на време), но ова истражување се исплати.
-
Електронски Спортови
Електронските спортови, или еСпортови, се во подем. Нивната популарност расте од година в година на глобално ниво вклучувајќи ја и Македонија. Неколку професионални играчи од Македонија постигнаа значителни успеси на светски турнири и придонесоа кон растечката популарност во нашата земја.
Добрата вест е дека и оваа опција нуди можности за солиден профит доколку сакате да се обложувате. Денес, повеќето онлајн обложувалници имаат секција посветено на еСпортови каде ќе ги најдете најзначајните (а некаде и помалку значајните) турнири.
Ако имате познавање на игрите и играчите, тогаш вреди да размислите да се фокусирате на еден од електронските спортови. Не заборавајте дека не сите игри се исти. Тоа значи дека за некои од нив ќе треба различен пристап. Не очекувајте иста динамика во играта кога се работи за игри со пукање во прво лице и за спортски симулации, на пример.
-
Трки со коњи
За многумина, особено во Велика Британија, трките со коњи се тесно поврзани со обложувањето. До денешен ден, во оваа земја постои таква традиција и по се изгледа за тоа има добра причина – профитабилноста.
Постојат многу професионални обложувачи кои се специјализираат во овој спорт. За разлика од многу други спортови, кога се работи за трките со коњи, може да очекувате високи коефициенти дури и за фаворитите. Се разбира тоа е така затоа што овие трки обично имаат тесни исходи. Затоа некои играчи преферираат да се обложат на тоа кои три коњи ќе завршат на првите три места без разлика на распоредот или дека одреден коњ ќе заврши меѓу првите три иако воопшто не е фаворит.
Во секој случај, доколку размислувате да се обложувате на коњски трки, анализирајте ги различните фактори кои влијаат на резултатот како условите на патеката, моменталната форма на коњот и успесите на џокејот, комбинацијата на џокеј и тренер и слично. Доколку успеете да оформите успешна анализа, може да очекувате профитабилни облози.
-
Крикет
Повторно на листата имаме еден спот кој е можеби егзотичен за повеќето македонски играчи. Сепак, според многу искусни обложувачи, ова е исто така еден од најпрофитабилните спортови за обложување.
Се разбира, еден од главните фактори кои влијаат на профитабилноста е вашето познавање на играта, екипите, играчите и условите. На пример, треба одлично да ги познавате форматите во крикетот како што се Тест, Прв Ден или T20. Очекувано, и историјата во дуелите игра улога.
Главните турнири и натпревари обично не се најдобрата опција ако гледате да профитирате на краток рок. Тоа е така затоа што и самите сајтови за обложување имаат детални информации и пазарот е преплавен со понуди што води до недостиг на вредни опции за обложување. Затоа, можеби е подобро да барате некои помалку познати натпревари.
-
Формула 1
Формула 1 е водечки мото спорт во Македонија во однос на гледаност. Овој спорт има илјадници фанови ширум Македонија и милиони ширум светот. Доколку мислите дека имате знаење во однос на возачите, тимовите и стазите, Формула 1 е вистинскиот избор кој ќе ви даде шанса за профит.
За најдобри резултати и што повеќе добивки, според активните обложувачи најдобро е да се бараат опции за обложување со добри коефициенти за победник на трката, кој ќе заврши на подиумот или кој ќе победи во поединечен дуел меѓу двајца возачи.