Како арсеналот пиротехника се нашол во Хамбург – хулиганки перверзно ја завршиле работата (ФОТО)

За разлика од пиротехничките перформанси на ултрасите низ Источна Европа, за кои внесувањето на големото количество на недозволена пиротехника е со помош од клубт, во Германија шанса за такво нешто воопшто не постои. Но, германската јавност и понатаму е во шок како ултрасите на Хамбургер успеале да внесат толкаво количество пиротехника и даго запалат стадионот.

Хамбуегер за првпат испадна од Бундеслигата, која официјално постои повеќе од половина век, па навивачите не можеа мирно да го гледаат срамот на нивниот миленик и ја запалија трибината, па на теренот мораше да влезе и полициската коњица за да се спречи уште поголемо дивеење на навивачите.

Весникот „Билд“ објави приказна како хулиганите успеале да го внесат арсеналот на пиротехника, а сето тоа германскиот весник го оцени како „скандалозен потег од кој ќе ви се смачи животот“. Во Германија навивачите мора да најдан начин за да не бидат фатени од редарите ако сакаат да внесат пиротехника.

Во Хамбург работата ја завршиле – хулиганките. „Билд“ посочува дека девојките од трибината на најверните навивачи ја криеле пиротехниката во половите органи со цел без проблем да ја прошверцуваат таа пиротехника. Весникот потенцира дека на германската улрас сцена постоел и „некој трик“ со кобасици, како еден вид на измама за редарите, но без детално да се објаснува.

Сепак, најголемиот дел од големиот арсенал на бакљи, димни бомби, топовски удари и останата пиротехника била внесена од девојки, кои ги криеле сите тие работи во полниот орган.

Весникот заклучува дека хулиганите не бираат средства како да го исполнат тоа што ќе го зацртаат, а потврда за тоа е и дивеењето во Хамбург поради испаѓањето на поранешниот европски првак во Втората лига