Италијанскиот селектор предизвика бура на Апенините околу коронавирусот

Италијанскиот селектор Роберто Манчини сериозно ја разбранува италијанската јавност, па се најде под жесток рафал на критики, откако на социјалните мрежи објави карикатура за пандемијата со коронавирусот.

Пандемијата која во Европа започна од Италија и северните региони Ломбардија и Венето беа жаришта на опасниот вирус, повторно се соочува со огромен број на заразени, па поради тоа објавата на Манчини на Инстаграм предизвика сериозни реакции.

Италијанскиот селектор објави карикатура на заболен човек кој разговара со лекарот, а кога докторот го прашува каде се заразил, тој одговара – гледајќи телевизија.