Хуман гест на Меси: Во родниот Росарио донираше – 50 респиратори!

Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, ѕвездата на Барселона многупати покажал дека е голем човек и хуманитарец, па сега во ек на пандемијата со коронавирус донираше 50 респиратори во својот роден град Росарио.

Аргентина како и сите земји во светот се погодени од новиот вирус, па има недостаток на респиратори низ болниците во земјата и Меси експресно помогнал. Веќе 32 од 50-те респиратори се стигнати со приватен авион, и поделени низ болниците во градот, а останатите 18 се чекаат наскоро да пристигнат.

Меси е само последен во низата големи спортски ѕвезди кои донираа во медицинска опрема и материјал во оваа светска криза во која над 20 милиони луѓе се заразија, а преку 700.000 починаа откако избувна пандемијата пред нова година во Кина.