Хулк ќе стане татко: Внуката на бившата сопруга ќе му роди дете (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Хулк во текот на кариерата играше во Порто, Зенит, Шангај, а на 35-годишна возраст реши да се врати во татковината и да ја заврши кариерата во Атлетико Минеиро.

Хулк реши заедно со своето семејство да мине повеќе време во родниот крај поради тоа што наскоро ќе добие нов член, а тоа го потврди и преку Инстаграм.

Фудбалерот објави неколку заеднички фотографии со сопругата Камила и покажа дека чека бебе, а на овој начин направи чекор напред во врската која почна во октомври 2019 година, а следната година ја крунисаше со брак.

Ова ќе биде четврто дете за Хулк, кој претходно беше во брак со тетката на неговата сегашна избраничка и тоа 12 години.