Хулиганите на Ривер ограбувале автомобили пред „Монументал“ (ВИДЕО)

Реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс ќе се одигра, најверојатно, вечерва од 21 часот, откако синоќа немаше услови мечот да почне бидеќи беа нападнати фудбалерите на Бока.

Навивачите на Ривер два часа пред дуелот го каменуваа автобусот на Бока, па неколку фудбалери беа повредени, од кои двајца завршија во болница.

Навистина лоши сцени беа забележани вчера, а исто така пред „Монументал“ хулиганите ја искористија шанса да ограбат неколку автомобили.

Додека едни од нив беа на стадионот, другите „оперираа“ околу „Монументал“, а тоа успеа да го сними еден навивач и да го објави на Твитер.