Хрватите збеснаа: Српски кошаркар предизвика бура со коментар за Лука Модриќ (ФОТО)

Откако Лука Модриќ стана првиот фудбалер од бившите југословенски простори кој успеал да ја освои наградата за најдобар светски фудбалер, популарната „златна топка“, регионот воглавно му честита на извонредниот фудбалер за врска на Реал Мадрид.

И додека доаѓаат честитки од сите страни, српскиот кошаркарски репрезентативец Немања Недовиќ ги сбесна Хрватите, ама и најголемиот дел од регионот со еден твит на социјалните мрежи.

Недовиќ ја опиша конверзацијата со својата девојка со заклучок – кој го викнал Модриќ на „забавата за златна топка“.

„И покажувам на девојка ми како Роналдо и Меси ја освојуваат секојпат 'златната топка' од 2008 година наваму, а таа ми вели: И кој го викна тука, сега Модриќ, жити се?!“, напишал Недовиќ.

Недовиќ, кој е бивш кошаркар на Црвена Звезда, сега е дел од Армани, а негова девојка е атрактивната Мина Милутиновиќ.