Хаос во Белград: Србите претепале четворица навивачи на Шериф

Грозни сцени биле забележани на улиците низ Белград пред реваншот меѓу Партизан и Шериф, кога група навивачи на српскиот гигант претепале двајца фанови на гостинскиот тим.

Околу 21 часот во близина на стадионот „Рајко Митиќ“, маскирани хулигани нападнале четворица навивачи од кои двајца завршиле во болница.

„Тргнав во продавница, кога наеднаш се појави голема група маскирани лица, по што почна тепачката, а веднаш интервенираше и полицијата“, открива сведок на инцидентот.