Хаос во Барса: Паб со ултраси на Каталонците демолиран од хулигани на Бенфика и Хајдук! (ВИДЕО)

Сплитска Торцида отиде за Барселона да им помогне на своите браќа „Ноу Нејм Бојс“, најжестоките навивачи на Бенфика, па заедно рака под рака демолираа еден паб во близина на „Камп Ноу“ со навивачи на шпанскиот великан.

Во пабот седеле најжестоките навивачи на Барса, познатите „Боксиос Ноис“, па лисабонците и сплиќаните тргнаа во жестока акција во која на видеото што се појави се слушаат вресоци и крици, а според информациите победиле гостите и ги понижиле ултрасите на Барса.