Хаос на престижен голф турнир – пет лица повредени од количка без возач (ВИДЕО)

Еден од најпрестижните голф-турнири УС опен, кој се одржува во Пебл Бич го потресе сериозен инцидент, откако пет лица од гледачите завршија во болница, а двајца од нив со потешки повреди, откако количка ги прегази.

Инцидентот се случил кога возачот на голф-количката која пренесувала товар продолжила сама да се движи од бизарна причина. Возачот ја оставил, но количката „збудалела“, па тргнала сама откако една од кутиите со кои била натоварена паднала на педалата за забрзување и колата тргнала да си вози по терените.

Налетала на гледачи, па сега двајца се задржани со повреди, но нема точни информации за какви повреди станува збор.