Голманка пронајдена мртва, сопругот призна: Бог ми кажа да ја убијам!

Поранешната голманка на тимот на Канзас, Реган Гибс беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, а полицијата го приведе сопругот кој го призна злосторството.

Тимот од Канзас објави страшна вест за смртта на Гибс и ги изненади навивачите.

„Скршени сме со загубата на 25-годишната Гибс. Сочуство до нејзиното семејство и пријателите“, објави тимот.

Полицијата во понеделникот го пронајде телото на 25-годишната девојка, а нејзиниот сопруг Џозеф Марек призна дека ја убил.

„Ми кажа Бог да ја убијам“, кажал сопругот на полицијата.