Голман влезе во финалето на Евросонг

Џереми Макиесе е 21-годишен голман, кого ретко кој го знае од светската фудбалска јавност, зашто брани за второлигашот Ексцелсиор Виртон, ама популарноста сега многу повеќе му се зголеми откако се пласира во финалето на Евросонг, кој се одржува годинава во Торино, како претставник на Белгија.

Макиесе без оглед на професионалната фудбалска кариера, го бива за пеење, а во Белгија лани победи во изборот на „Воис 2021“ и сега на Евросонг се појави со песната „Ај мис ју“.

Роден е во Антверпен, по потекло е од Конго, а со Виртон во септември лани потпиша професионален договор.

Меѓу другото претстојот во Торино го искористи и да дојде на „Алијанц“, домот на најтрофејниот италијански клуб Јувентус.