Голман го истетовира автограмот од Лео Меси на раката (ФОТО)

Голманот на американски Интер Мајами, Франсиско Раниери го истетовира автограмот што го добил од најдобриот Аргентинец, Лионел Меси на својата рака.

Раниери побарал од Меси да му се потпише на раката, па побрзал потоа да ја направи тетоважата за засекогаш да го има автограмот од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Меси го посетил тренинг центарот на Интер Мајами, за време на подготовките за контролката со Хондурас на која даде два гола во победата со 3-0, па Раниери го искористил моментот што го запознал сонародникот и денот го опиша како – најубав во животот.