Георгина го шокира Роналдо: Доста ми се четири деца за чување!

Сè уште нема реакција од најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, но светската јавност се прашува како ќе реагира на изјавата на неговата вереница Георгина Родригез, со која имаат една ќерка по изјавата за магазинот „ХЛ“ дека не сака повеќе деца во семејството

Роналдо има три деца од сурогат мајја, најголемиот Роналдо јуниор, како и близнаци, кои ги доби пет месеци пред Георгина да се породи и на свет да ја донесе Алана Мартина.

Кога ја прашале како се гледа за десет години отсега, Георгина изјавила:

„Се гледам како се грижам за четири деца, кои тогаш ќе бидат големи. Искрено, не можам да замислам уште деца“, изјавила таа.

Сега сите се прашуваат како Роналдо ќе се соочи со овој шок, затоа што неодамна по освојувањето на својата петта „златна топка“ изјави дека му е цел да има седум деца и исто толку „златни топки“.

Неговите навивачи веќе се прашуваат како ќе ја реши ситуацијата со Георгина?