Селта ја потопи „жолтата подморница“ и избега од опасната зона!

Фудбалерите на Вилјареал загубија на гостувањето кај Селта виго со 2-3 во 34. коло од шпанската Ла Лига и си ја искомплицираа битката за позициите кои водат во европските купови.

Морено донесе водство за „жолтата подморница“ во 12. минута, но потоа Вилјареал доби црвен картон по што почна распадот.

Аспас и Ларсен во првите 45 минути стрелаа за целосен пресврт (2-1), а потоа Гуедеш израмни на 2-2 во 65. минута.

Во драматична завршница Вилјареал доживеа нов шок, откако Селта го постигна победничкиот гол во 82. минута (3-2).

Вилјареал е на деветтата позиција со 45 бодови, додека Селта вига е на 15. место со 34 бода, односно осум бодови повеќе од Кадиз.